Wednesday, March 31, 2010

Над законот

Типичен пример за слободна држава, секој може да вози каде сака и да паркира каде сака.
Еве две слики сликани пред Стопанска банка во Струмица, спроти ТЦ Глобал, во центарот на центарот на струмица, убав тротоар, убаво заграден, убави столбови да спречат возила, ама пак нашата снаодливост победува.




Дали ни требаат пари за да бидеме чисти?

Колку треба да биде платата на еден човек за тој да знае дека не треба да фрла ѓубре кај што ќе му текне?
Колкаво ниво на едукација е потребно за да размисли човек дека нема никој да дојде од Јапонија да ни ги исчисти улиците?
Дали улицата оддалечена на 2 метри од нашиот дом е сопственост на Руанда? Ако да, дали луѓето од Руанда би се налутиле ако ние се грижиме за таа улица?

Пример: