Friday, July 15, 2011

По мирисот денот се познава

Да! се познава дека е Вторник или Петок кога поминува камионот на комуналец. Како бонус, надвор е нешто под 40 степени, па течноста во комбинација со топлото... м м м




и во живо:

video

Tuesday, May 11, 2010

Чистота број 3

Поради недостиг на инспирација за текст, ги оставам следниве слики сами да зборуваат. Можеби овие слики не се еднакви на илјада зборови, ама тоа е тоа, нашата реалност.





Wednesday, May 5, 2010

Cradle of culture, land of nature

Обичен пазарен ден, позади градски пазар „Глобал“


А на 50 метри од истото место, на убаво изграден булевар, со две ленти и плус место за паркирање и слобоно место колку ти душа сака, зошто да не би стоеле на лента за возење, или пак зошто не би возеле наназад?

Sunday, April 25, 2010

Вози ме во парк!

Таму птички пеат иако е мрак.
Во парк, во парк, најди место згодно,
ако нема таму место одиме на Суви Лак (водно на струмички)





Saturday, April 24, 2010

Писмо до нашите телевизии

На 13 април 2010, и-мејл со следната содржина е испрате до desk95@a1.com.mk, zurnal@sitel.com.mk, sitelvesti@on.net.mk, info@kanal5.com.mk:

Ако сте заинтересирани да истражите подетално зошто во Струмица патронажните сестри посетуваат само бебиња во што живеат во градот а не одат по селата во струмичко.
Дали стумичката болница има некакви предрасуди за жителите на струмичките села?
Дали немаат возила за да патуваат?
Дали е поради тоа што градоначалниците на селата во струмица се од различна партија од градоначалникот на струмица?
Да појаснам, патронажни сестри се сестрите што треба да ги посетуваат родилките со прво дете, да проверат дали бебињата живеат во соодветни услови и дали е се во ред со нив.
Има многу случаи каде што воопшто не се појавила медицинска контрола, а во ретки случаи дошле, но после многу време.
Колку што можев да дојдам до информации, такви медицински котроли треба да ги посетуваат новороденчињата неколку дена после заминувањето од болница.


До денешен ден, единствен одговор на ова писмо е друг и-мејл од некој @hotmail :
Pozdrav i blagodarime za najavenata tema.Istata e interesna ama ona sto e bitno a go nemate navedeno se selata vo koi go ima ovoj problem,a najdobro ke bide da ostavite vas broj,moze na ovaa adresa pa ke ve kontaktirame so cel da dobieme poveke informacii za navedeniot problem.

Значи темата е интересна, ама кој не е**. После 1-2 одговора на и-мејлите, последно што напишав беше:
ocigledno ne ste zainteresirani, pisav na poveke televizii, ima i drugi zainteresirani, jas vi go kazav problemot, vie otidete ili javete se vo strumickata bolnica, mozete da dobiete lista na novorodencinja, veruvam deka toa ne e taen dokument, so taa lista mozete da vidite koi novorodencinja se od selo, javete se po slucaen izbor na 10 od selo, i 10 od gradot, prasajte, uverete se, vasa rabota e i istrazuvacko novinarstvo , ne moja.
i zosto mi pisuvate od besplaten email? zosto ne pisuvate od oficijalen email kade sto ste vraboteni?

Последниот текст е пратен пред 4 дена, нема одговор, и, за делот „pisav na poveke televizii, ima i drugi zainteresirani“, тоа дека има и други заинтересирани не е точно.

Чистота број 2

Што убаво и лесно, застани си покрај патот, и фрли си ѓубре, и никој ништо не ти може.

Пријателски разговор

Да разјасниме!
Вака треба да застанете кога ќе видите некој пријател:



Ако се придржуваме до ова правило полесно ќе влеземе во нато и еу.