Thursday, April 15, 2010

Како правилно да се паркираме

Правило број 1: Доколку се наоѓате на улица на која што од едната страна нешто се гради, треба да се паркирате спроти градилиштето со што најуспешно би биле центар на вниманието и успешно би оневозможиле некој да помине по улицата, на пример:



Правило број 2: Доколку цел свет се паркира на место означено за паркирање, а вие сакате да „не сте со сите“ треба да се паркирате на следниот начин:

и


Правило број 3: Доколку се наоѓате спроти влез на болница, каде што во секој момент би можело да влезе или излезе болничко возило (недај боже живот да е во прашање), а околу вас има слободно место за паркинг, во никој случај не треба да се паркирате на обележаното место туку тоа можете да го направите на следниот начин:

и


Во никој случај не треба да бидете исплашени од пајак службата во струмица, тие нон стоп гледаат шехерезад и бандини.

No comments:

Post a Comment